| четврток, 6 декември 2018 |

Готвач ја предвиедел својата смрт: Ако не се случи чудо…(Видео)

Готвачот Панајотис Кокинидис е една од жртвите на стравичните пожари кои ја погодија Грција, а неколку часови пред смртта се простил преку објава на Фејсбук.

Тој настрадал во местото Мати Атика, пренесува порталот „Катимерини“.

-Ако не се случи некое чудо, многу луѓе ќе изгорат – напишал Кокинидис.

Како што се наведува, неговата смрт предизвикала голема тага кај неговите соработници, кои и понатаму се во шок бидејќи Панајотис на некој начин го предвидел и крајот на својот живот.

Кокинидис на Фејсбук објавил и снимка од катастрофалниот пожар кои се приближувал до населбата во која живеел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top