Нов скандал во здравствениот систем ја тресе Македонија. Откако на свет донела живо новороденче, родилка починала во поранешната Градска болница.
Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир преку соопштение ја информира јавноста дека на клиниката починала родилка како резултат на комплицираната бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и откако на свет донела живо новороденче, нејзината здравствена состојба се влошила и била префрлена во Универзитетска клиника за хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје, каде што починала.
Вториот случај кој ја потресе јавноста, но за жал не и последен е смртта на 28-годишната родилка Маја Пеневска. Таа откако на свет донела здраво машко бебе, почина на акушерското одделение во штипската Клиничка болница. Од страна на Клиничката болница – Штип преку соопштенија информираа дека телото е предадено на обдукција, но и после месец и пол агонијата на семејството на родилката Пеневска и понатаму продолжува бидејќи сè уште не се знаат причината за нејзината смртта.
Како што изјави семејство само една недела од смртта на Пеневска, живеат во агонија и до овој момент никој од надлежните ги нема контактирано иако обдукцијата е завршена и причините им се познати и на лекарите и обвинителството.
Дали поради здравствениот хаос кој што владее во македонското здравство толку долго се чека за подготовка на извештајот од обукцискиот наод или пак се прекрива лекарската грешка, останува да покаже времето.
Третиот случај на почината родилка е 31-годишната Елизабета Савиќ Динева од Гевгелија, која почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија.
Блиска пријателка на Динева се огласи на социјалната мрежа фејсбук обвинувајќи за грешки во здравствениот систем.
Загриженоста, револтот и исплашеноста кај граѓаните е се поголема, земајќи во предвид дека на сите три починати родилки, Џамбази, Пеневска и Динева ова им било прво породување.
Дилемата е се поголема кај јавноста дали во Македонија има граѓански сектор кој ги следи лекарските пропусти во здравствениот систем, бидејќи јавноста беше сведок на еден „граѓански сектор“ којшто претходно знаеше да излезе да протестира и да бара одговорност и оставка од тогашниот министер за здравство Никола Тодоров за сè и сешто, додека сега молчи и не бара одговорност и оставка од министерот за здравство Венко Филипче за здравствениот хаос кој се случува. Додека се бројат жртвите во болниците, министерот Филипче молчи и ги турка тендерите тешки десетици милиони евра, проследени со коруптивни скандали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст