| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца тинeјџери повредени: Со „Голф“ излетале од патот и удрилe вo столб за точење на гориво

Синоќа околу 23 часот, било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, на местото викано Беровци, патничко моторно возило “Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.Т. (19) од с. Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

Во незгодата возачот и сопатникот И.Т. (19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т. (19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница – Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top