| четврток, 6 декември 2018 |

Козметички брендови ги прекинаа врските со богаташка која рече дека на „слугите“ не им е потребен слободен ден (Видео)

„MAC Cosmetics“ го следеше примерот на „Max Factor“, „Shiseido“, „Chelsea Beautique“ и други, и се дистанцира од Алкатан, која ја следат 2,3 милиони луѓе, прогласена од „Форбс“ за една од највлијателните арапски убавици.

На Сондос Алкатан и засметало тоа што „слугите“ во иднина ќе имаат еден слободен ден во неделата, а ќе можат и да ги задржат своите патни исправи.

На социјалните мрежи го објави своето гневно излагање кое брзо се прошири.

-Како можете дома да имате слуга кој го задржал пасошот со себе? Што е уште полошо, добиваат еден ден слободен. Ако побегнат назад во својата земја, кој ќе ми ги врати парите за нив? Искрено, не го поддржувам овој закон. Не сакам повеќе слугинки од Филипини – изјавила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top