| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре македонско комби на автопат во Австрија

Патничко комби со девет патници од Македонија вчера попладне се запали на источниот автопат А4 во Австрија, во близина на Никелсдорф во областа Нојзидл ам Зее, при што возилото целосно изгорело, но патниците навреме го напуштиле.

Возачот на возраст од 21 година забележал како излегува чад од комбито и го запрел на помошната лента, ја отворил хаубата и видел како гори просторот на моторот. Прво се обидувал да го неутрализира пламенот со рачен апарат за гасење пожар, а кога сфатил дека не успева се јавил во противпожарната служба и ги евакуирал патниците на сигурно. Пожарникарите го изгасиле пожарот, но кога пристигнале комбито веќе целосно било зафатено од пламените јазици.

Деветте мажи од Македонија доцна попладнето се упатиле кон Унгарија.

Причината за пожарот не е позната, соопшти денеска австриската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top