| четврток, 6 декември 2018 |

Брестовац нов тренер на Металург

Aктуелниот селектор на младата македонска репрезентација Данило Брестовац и официјално денеска беше претставен како нов тренер на македонскиот вице-првак Металург.

Очекувано, идејата на Брестовац е тимот од Автокоманда пред се да се базира на домашни македонски играчи, а во преден план ќе бидат помладите на кои мора да им се даде повеќе шанса и доверба.

Металург и годинава ќе не преставува во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, па оттаму логично беше и прашањето за финансиската стабилност на клубот.

Дали, како и колку тимот од Автокоманда ќе се преструктуира останува да покаже времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top