Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво.
Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста. Тие, според Заев, мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат. Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен, изјави Заев, по старот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет” во Бунарџик.
Пренесувајќи детали од разговорите наведе дека е договорено датумот за референдумот да биде колку што е можно порано заради тоа што при успешен референдум, би следувале уставни промени за кои се потребни меѓу 100 и 120 дена за до крај на јаунари и февруари Грција да го ратификува договорот.
– Заедно утврдивме тоа да биде колку што може порано дури го спомнавме и датумот 30 септември. Тоа значи дека до 30 јули сега треба Парламентот да донесе одлука. Не сакам да навлегувам во ингеренциите и надлежностите на Парламентот, но верувам дека ќе се стаса ако се успее сите процеси да се придвижат и ако навистина Парламентот биде посветен, за да завршиме порано заради државните интереси, изјави Заев посочувајќи дека и покрај можноста да се додаде една или две недели, посакува 30 јули да биде датумот за одлука на Парламентот за да може да има референдум на 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст