| четврток, 6 декември 2018 |

Заеви се степале за името, па закасниле да пријават иновација за 300.000 евра

И семејството Заеви има инивација за државни пари, но им било незгодно да се јават на конкурсот на Фондот за иновации за да не помисли јавноста дека ќе го земат грантот со протекции, дознава Република.

Премиерот Зоран Заев вели дека многу му е жал што неговиот брат Вице и братучедот Трајче се откажале во последен момент иако мислел дека успеал да ги наговори да се пријават за грант, бидејќи бил сигурен дека ќе го добијат. Тој верувал дека семејниот проект е иновативен, но тие не биле одлучни дали да го пријаваат во лута или во блага варијанта ајварот, па се откажале од конкуросот. Иако им е лут што без да го информираат, во пет до 12 ја промениле одлуката, тој вели дека нема да се откаже од братот и братучедот, напротив, изјави тој денеска, бил горд што во му се погодило семејството бизнисмен до бизнисмен, и верува дека заеднички ќе изнајдат начин да ги земат парите кои природно им припаѓаат за да врви бизнисот и да ја реализираат иновацијата.

-Какво откажување. Ако така се откажувало од брат и братучед, ќе ни пропаднат бизисите. Фер е да кажам дека ние сме едно богато семејство. Уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ си бевме богати, капиталот на времето уште ни беше проценет на некои шест-седум милиони евра. Сега е друго, не можеме да се преброиме, ама не е етички да се фалиме. Апсолутно влезени да се докажеме пред општеството, да генерираме нови производи, нови продукции кои значат нови инвестиции. Се што имаме е овде во Македонија, ама не Вицето и Трајчето постапија етички, беа фер, ми се јавија и ми рекоа „Брат, не се секирај, што е наше ќе си го земеме“. Јас им реков дека овојпат ќе им простам, ама за другпат не простувам, со тој памет ќе ми ги сотрат бизинисите, рече премиеротпо стартот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“.

Она што премиерот не го изјави, но го дозна „Република“ е дека настанала семејна кавга и додека да ги исправат кривите корнишони, поминал рокот за пријавување на иновацијата на Заеви. Вицето настојувал ајварот со маслото од канабис да се вика „Мамас“, како и досега, а Трајче, пак, сакал преку ајварот да го пробие и својот нов бизнис на пазарот, па инсистирал иновативнуот ајвар да се вика „Марас“. Вицето, како постар, инсистирал да не му се менува името на ајварот, зашто со друго име, нема да го познаат купувачите и нема да му се троши. Но, Трајче пак, бил упорен, велел што е битно дали е Мамас или Марас, за една буква ли ќе пропадне бизнисот. Вице не сакал да попушти, па заиграле и пцости, се спомнала и мамта, до боксови не стигнале, зашто се вмешал и Зокито со по една заушка и пресекол. Засега нашиот извор не открива што ресекол, но се пертпостаавува дека постапил по пазарната логика, нека е Марс, само да се продава.

Јавноста е разочарана што ајварот со масло од канабис на Заеви не се нашол на листата иновации бидејќи е убедена дека гарант ќе добиел грант. Премиерот смирува.

-Гледате, ние Заеви знаеме што правиме, а знаеме и да се поправиме. Знаеме да инсистираме, ако не дадат, ќе си побараме. Најтешко е кај првото евро, после сами си доаѓаат. Затоа бидете спокојни, тоа е убавината на транспарентноста.

Заев рече дека со законот е дозволено сите фирми да аплицираат, но кај Вицето и кај Трајчето од некои необјасниви причини етичкиот дел се разбудил, и тие сами ги повлекле апликациите, но го патентирале семејниот ајвар со масло од канабис, а побрзале и да му го заштитат потеклото

– Мене ми требаат овие двајца, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети. Верувам дека лековитиот ајвар хај многу брзо ќе го заработи првото државно евро. 

На новинарско прашање дали новиот ајвар на Заеви е со препознатливиот вкус, премиерот оговори дека откако ја направиле првата тегла за проба, не може да се симне од него.

-На новиот ајвар сум и денеска, еве, тука пред вас. Ова црвеното, од јаварот ми е.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top