| четврток, 6 декември 2018 |

Северина за разводот

Хрватските медиуми пишуваат дека пејачката Северина ужива покрај десет години постариот бизнисмен од Сплит кој во исто време е и политичар.

-Северина и Игор веќе подолго време имаат криза во бракот, бидејќи пејачката тајно се гледа со еден сериозен бизнисмен и политичар. Пејачката на сите начини се обидува да се разведе без многу драма и да биде среќна со бизнисменот, вели извор близок до парот.

Но, освен разводот, Северина не е во добри односи ниту со свекорот и свекрвата кои и замериле на снаата што не дошла во нивниот дом на нивната куќна слава.
Taa пак на овие шпекулации одговори сликовито на Инстаграм со фотографии направени токму во Сплит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top