| четврток, 6 декември 2018 |

Го меркаше Трамп, па ја покраде Меланија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ во својот претседателски дом го угости израелскиот претседател Рувен Ривлин и за таа прилика избра светло син комплет, сличен на капутот што го носеше Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг. Таа, пак, беше инспирирана од капутот штог о носела Џеки Кенеди кога, пак, нејзиниот сопруг ја презел функцијата претседател на САД.Хрватската претседателка одлучила да игра сигурно, па облекла исти чевли како и првата дама, а направила и слична фризура.

Единствено што ѝ недостасува се ракавици, кои по овие жештини никако не можела да носи.
Колинда и Меланија изгледа имаат сличен вкус. Ова не е првпат Колинда да се облече слично со Меланија.
На инаугурацијата на Александар Вучиќ хрватската претсеадтелка го привлече вниманието со циклама фустан сличен на црвениот фустан што го носеше Меланија Трамп на посетата на Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top