Премиерот Зоран Заев вели дека нема да побара оставки од функционерите за кои имаше реакции во јавноста за поврзаност со фирми кои добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, затоа што, според него, тие се повлекле и не го кршеле законот.
– Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта. Тие апсолутно постапуваат етички, излегоа на прес-конференции да ги кажат своите ставови и тоа е фер однос. Проблемот е што во минатото не се откажуваа и оставаа до крај впечаток дека нешто не е етички или коректно, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по стартот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“.
По реакција на јавноста, наведе премиерот, гледате Владата знае да се поправи, знае да инсистира, да биде упорна во своите ставови, но истовремено знае и да се врати чекор назад. – Тоа е убавината на транспарентноста, потенцира Заев. Заев рече дека со законот е дозволено сите фирми да аплицираат, а кога јавноста реагирала будно, етичкиот дел на самите министри и на другите функционери се разбудил, тие сами ги повлекле апликациите на фирмите во кои што имаат свој удел, а еден дел од нив тргнале да ги продадат своите удели.
– Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети и драго ми е што реагираат вака за да повлечат апликации и да дадат шанса при одлучувањето за сите други компании. Верувам дека ваквиот однос е транспарентен и чесен кон граѓаните, изјави премиерот.
По реакциите во јавноста за распределбата на грантовите преку Фондот, директорот на оваа институција Јован Деспотовски, вчера ги повика 79. компании добитници на финансиска поддршка со првиот инвестициски бран, да достават информација за сопственичката структура и евентуална поврзаност со носители на јавни функции и членови на нивни семејства. Потоа ќе се побара Комитетот за оценување повторно да одлучува дали ги исполнуваат критериумите за добивање на парите.
Во врска со овој случај, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, завчера оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прозван во јавноста за грантот што го доби компанијата „Кастинвест“ каде е коспоственик, а од кој и се откажа, рече дека ги испочитувал сите законски аспекти и го охрабри обвинителството да го истражи случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст