| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Северина во Охрид: Шоу кое не смеете да го пропуштите

Северина ќе одржи концерт во Охрид, на 27 јули од 21 часот, на стадионот „Билјанини извори“. Хрватската поп-ѕвезда е актуелна со хитовите „Хазардер“ и „Мртав за мене“, со кои го најави нејзиниот нов албум.

Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија беше во Скопје, во 2013 година, кој беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“. Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу , а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур. Бидејќи кога Северина прави концерт, тоа е вистински спектакл. Се очекува така да биде и во петок навечер со многу пеење, танцување…

Подгответе се за шоуто кое не смеете да го пропуштите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top