Во текот на вчерашниот ден, М.Ч. од Белград, Р.Србија пријавил дека истиот ден околу 11 часот на паркинг на улицата “Филип Втори Македонски” од страна на две непознати машки лица (едниот се претставил дека е од Призрен, а другиот од Кувајт), му била извршена измама, со што бил оштетен за сума од 115 eвра.
Oткако го прашале оштетениот дали знае германски јазик бидејќи двајцата не можеле да се договорат во врска со случена сообраќајна незгода, лицето кое се претставило дека е од Призрен побарало 100 евра од другото лице за случената незгода со цел да не го пријави во полициска станица, по што лицето од Кувајт понудило часовник кој наводно чини 5.000 евра да го продаде на лицето од Призрен, но бидејќи истиот немал пари во него, требало да заминат за истите да ги обезбеди.
Лицето од Кувајт го замолило оштетениот да му даде евра за да знае како изгледаат и да не биде измамен од другото лице, по што М.Ч. му дал 115 евра. Двете лица го напуштиле местото на настанот ветувајќи дека за кратко ќе му ги вратат парите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст