Брутално поткупување на новинари со државни пари од страна на СДСМ се случува во Република Македонија. Преку 36 милиони денари или 585.365 илјади евра се доделени на ударните перјаници на СДСМ во последниве месеци. Распределбата на пари преку фондот за иновации ни покажа како најбезобразно делува тоа поткупување.
Слободен Печат, каде е главен и одговорен уредник Бранко Геровски доби 10 милиони денари по основ на иновативност за печатница. Очигледно ваквото доделување на парите влијаеше и врз колумните кои Геровски секојдневно ги пишуваше во врска со името па дури и се смени и неговата реторика. Од поборник за неменување на Уставот стана најголем подржувач на договорот што го потпиша Владата на Заев
Компанијата Веда е во сопственост на Искра Јанковска Михајловска која му е жена на новинарот и сопственик на порталот Сакам да кажам, Горан Михајловски има добино пари во вредност од 13 милиони денари. Инаку Михајловски е познат по тоа што секоја можна колумна ја посветува против ВМРО-ДПМНЕ. Дали е ова награда за тоа што го обработува останува на Михајловски да се изјасни.
Компанијата „Евро вижн“, пред неколку месеци чиишто сопственици се новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска доби 5.2 милиони денари, односно 85.000 евра, од Агенцијата за филм.
Ист е случајот и со продукциската куќа „ОХО“, која го ангажира Сашо Ордановски како како главен сценарист. За овој проект ќе се потрошат над 8 милиони денари или околу 130.000 евра.
Но ова не се единствените новинари кои се ангажирани за пропаганда на власта. Листата на вработени “непартиски“ новинари во државната и јавната администрација е огромна.
Тони Ангеловски е поранешен новинар и водител на дебатни емисии во Телевизија 24. Овој “независен“ новинар беше назначен за портпарол на МВР уште во време на пржинскиот договор кога за министер стана Оливер Спасовски. Ангеловски уште додека беше во ТВ24 познат беше по тоа што во неговите емисии најчесто ги форсираше и промовираше политиките на СДСМ а беше доста критичен спрема владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Мухамед Зекири е поранешен новинар на телевизија Алсат а сегашен висок функционер на СДСМ. “Независниот Зекири во тоа време како што се декларираше во јавноста беше познат по тоа што ги реализираше сите интервјуа на Заев во кои тој промовираше подготвеност за секакви отстапки. Ова последново се покажа како точно.
Јасминка Аневска новинарката која се бореше против притисоците на новинарите и која стана позната по трескање на црвениот телефон, симбол против таквите притисоци е вработена како шеф на кабинет во ЕЛЕМ. Исто и за овој конкурс не се објави никаков оглас. Така да јавноста остана без одговори како оваа “независна“ новинарка е вработена таму по каков критериум и по кој оглас. Инаку Аневска претходно беше поврзувана како портпарол со самото формирање на владата на СДСМ. Ова место му припадна на нејзинот колега Миле Бошњаковски.
Соња Крамарска вработена во Министерството за одбрана. Крамарска е поранешен уредник во “Утрински весник“. Позната беше по нејзините колумни кои излегуваа редовно и чија цел беше постојаните критики спрема владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како Крамарска е вдомена на на кој оглас во Министерството за одбрана никој не знае. Се знае дека министерството испрати допис дека Крамарска е вработена се со цел да се подобрела транспарентноста и отчетноста и дека за тоа да се направи е потребен кадар како Крамарска.
Но ова не е единствен случај на вработување на партиските новинари на СДСМ во државните институции. Листата е прилично долга. Според последните информации што излегоа во јавноста во државните институции циркулира бројката од речиси над 30-тина партиски новинари на СДСМ.
Јована Аврамовска една од најпознатите комедијанти, новинарка и кој знае уште што, е вработена во министерството за финансии. Сеуште докрај не е разјаснето што работи Аврамчевска. Прво беше примена како односи со јавност, па после се дозна дека работи во некој оддел за финансии. Исто како и сите вработувања на СДСМ така и овој не се знае како и по кој критериум е влезена Аврамчевска. Единственото објаснување е дека таа е вработена по основ дискреционо право на министерот.
Лидија Јанчовска – Христова, е поранешна новинарка од Канал 5 телевизија. Таа е портпарол и на Шеќеринска. Јанчовска е позната уште како сопруга на водителот на Емисијата Топ Тема, Боби Христов што се прикажува на Телма.
Зоран Бојаровски е вработен во кабинетот на министертот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Бојаровски е дел од армијата на 120 лица вработени за вршење на пропаганда во корист на Владата. Инаку Бојаровски беше жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ а и подржувач на шарената револуција.
Драган Антоновски е поранешен новинар од повеќе телевизии а сега е директор на Македонската информативна агенција-МИА. Инаку Антоновски беше редовен критичар за состојбите во новинарството во време кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт. Сега никаде го нема во време кога СДСМ свесно го уништува и тоа малку критично новинарство што остана.
Петрит Сарачини беше дел од кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, сега советник во Влада. Овој “независен“ новинар беше предводник на десетици граѓански движења против ВМРО-ДПМНЕ како и на шарената револуција. Инаку Сарачини кога има потреба е дел од од невладината Цивил како и од МИМ институтот.
Овие луѓе немаа за цел како да го направат општеството подобро место за живеење. Нивната цел беше како да вдомат во државната и јавната администрација но за оние кои не се вработија си најдоа многу профитабилен начин како да ги наплатат своите услуги, а тоа е со пари од граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст