На пет различни локации низ главниот град утре во 5.17 часот ќе се спроведе аудио-уметничка акција во траење од една минута „Разбуди се Скопје“, која треба да ги потсети граѓаните на точното време на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година.
Со акцијата ќе бидат опфатени Музејот на современа уметност, Музејот на Град Скопје, Градскиот трговски центар, Порта Влае и едно озвучено возило ќе се движи по булеварот „Партизански одреди“. Возилото ќе тргне во близина на Соборниот храм и ќе се движи по „Партизанска“. Годинава ќе биде опфатен само еден дел од Скопје, од 60 до 80.000 жители.
Организатор е групата која ги прави урбаните уметнички акции низ Скопје и работи во рамки на Центарот за современи уметности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст