| четврток, 6 декември 2018 |

Со „БМВ“ излетале од патот Гостивар – Кичево, две лица итно пренесени на скопските клиники

Ноќеска околу еден часот по полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на почетокот од Новоселскиот мост, Е.А. (53) од село Јагол-кичевско управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со австриски регистерски ознаки, излетал од коловозот.

Возачот и неговата сопатничка Ѓ.А. (40) се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската општа болница, а потоа биле пренесени на скопските клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top