Прекинато е медицинското истражување во Холандија, откако починаа 11 новороденчиња, чии мајки земале вијагра во бременост, јави Би-Би-Си.
Бремените жени, кои учествувале во медицинско истражување во Холандија, земале таблети против импотенција, кои требало да го подобрат растот на нивните неродени бебиња, чии постелки биле недоволно развиени.
Локалните медиуми наведуваат дека лекот кој го поттикнува крвотокот по се изгледа предизвикал смртоносна штета на белите дробови на бинињата. Експерти изјавија дека е потребна детална истрага за да се сфати што точно се случило. Засега не постои индикација за кривично дело.
Претходните тестирања на вијагра за време на бременост спроведени во Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд не покажаа штетни ефекти врз бебето, но не покажале ни корист. Во 2010 година, научниците објавија дека лекот треба да се користи само при експерименти.
Ограничувањата во растот на плодот предизвикани од недоволно развиена постелка се сериозно прашање, за кое моментално нема лек. Поради оваа состојба, бебињата можат да бидат предвремено родени, со многу мала тежина и со мали шанси за преживување.
Холандското истражување, кое требаше да трае до 2020 година, беше спроведено во 11 болници низ целата земја. Вкупно 93 трудници земале силденафил (Вјиагра), а 90 биле на плацебо. Дваесет новороденчиња страдале од белодробни проблеми, три од плацебо групата, а остатанатите од групата со Вијагра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст