Возач од Пожега, западна Србија, си го запалил автомобилот со бензин, револтиран оти не го минал техничкиот преглед. Возилото, инаку марка Дачија, е изгасено со итна интервенција на противпожарните служби.
Лутиот сопственик, кој не добил потврда за исправност на возилото, на само 500 метри од контролниот канал, го запрел автомобилот, го посипал со бензин и го запалил. За пожарот да не ги зафати просториите за технички преглед, возилото било избуткано надвор.
Од 1 јули во Србија се во сила поригорозни технички прегледи. Најжестоки полемики во јавноста предизвика најавата дека нечисто возило нема да може да го мине техничкиот преглед.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст