Хрватскиот филм „Осми повереник“ на режисерот Иван Салаја доби награда за долгометражен игран филм на првото издание на „Бич филм фестивал“ („Beach Film Festival“), кој од 19 до 22 јули се одржуваше на плажата Оревче во Охрид.
Жирито во состав Весна Дамчевска, Јелена Јованова и Марјан Алчевски наградата за краткометражен игран филм му ја додели на „Реди ту гоу“ („Ready to go“), а награда за краткометражен анимиран филм на филмот „Монахот“ во режија на Жарко Иванов.
– Првото фестивалско издание го покажа богатството на новиот европски филм. Гледавме пет долгометражни и десет краткометражни филма, кои претставуваат сосема разновидни жанровски, естетски и авторски пристапи во современата продукција. Затоа одлуката беше тешка, бидејќи многу од овие дела тешко можеме да ги споредуваме со другите наслови од официјалната конкуренција – истакнуваат членовите на жирито во одлуката за наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст