– Ќе им помогнеме на роднините на жртвите и на оние кои гледаа како нивните имоти исчезнуваат во катастрофата. Во исто време, епидемолошките тимови кои работат на терен ќе ги прегледаат сите подрачја и ќе испитаат дали има ризик по јавното здравје, изајвил Теофилос Розенберг, претседател на грчкиот центар за превенција и контрола за заболување по страшните пожари кои вчера беснееја во околината на Атина.
Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос соопшти дека владата планира мерки со кои ќе им помогнат на жртвите од пожарот.
Грчките пожарникари и денес рано наутро продолжија во потрага на исчезнати лица.
Министерството за финансии на Грција ќе одвои 20 милиони евра кои ќе бидат искористени за помош на заедниците погодени од катастрофите. Ѕанакопулос вели дека парите ќе бидат искористени за санирање на штетите, а дека на луѓето чии имоти се уништени од пожарите ќе им биде намалена таксата.
Исто така и рокот за поднесување на пријавите за такса ќе биде поместен до септември.
Ова е еден од најужасните пожари кои во последните 10 години ѝ се случи на Грција каде загинаа 74 лица. Најмногу погодени беа областите околу престолнината Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст