| четврток, 6 декември 2018 |

Пливавме подалеку од огнот додека морето не не зема под свое: Ние се спасивме, но мајка и син исчезнаа под водата

Страшни пожари избија во понеделникот во близина на грчката престолнина, а бројот на повредени и трагично загинати од час во час расте.

Еден од спасените е и Никос Ставринидис кој за „Вашингтон пост“ раскажал како тој и неговата сопруга дошле во пристаништето Рафина да се одморат, но и да ја подготоват куќата за својата ќерка, која овие денови требало да дојде на летување.

-Се се случи многу брзо. Огинот беше одалечен од нас, но тогаш почнаа да летаат искри и во секунда се најдовме во жариштето. Ветерот дуваше, носеше се пред себе. Беше неверојатно. Никогаш во животот немав видено такво нешто – објаснува овој човек.

Тој додал дека заедно  со група пријатели потрчал на плажата, а кога видел дека немаат каде да бегаат, втрчале во морето.

-Се гушевеме од димот, додека не носеше силна струја. Истиот ветер кој го ширеше огинот на копното, правеше бранови во морето. Наскоро се изгубивме, бевме дезориентирани. Нуркавме колку што можевме за да се одалечиме што подалеку од чадот. Одевме се подалеку во морето, а струјата не водеше каде што таа сакаше. Не знаевме каде се наоѓаме – рекол Ставринидис.

После два часа борба да се одржат во живот, го виделе својот спас. Мал рибарски брод со египетски екипаж го спасил Никос, неговата сопруга и пријателите.

-Скокнаа во морето поради нас, ни дадоа облека, направија чај и не згреаја. Беа одлични – додава тој.

Сепак двајца, мајка и син кои влетале во морето заедно со нив ги проголтала водата.

-Страшно е да видиш како некој покрај тебе се дави, а не можеше да му помогнеш. Едноставно не можеш – додал Никос и едвај изговорил дека болката која ја чувствува поради нивниот губиток засекогаш ќе биде во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top