| четврток, 6 декември 2018 |

„Повардарски“ – заштитено географско потекло на македонските вина

виноМакедонското вино до крајот на годинава ќе извезува вина со заштитено географско потекло „повардарски“. Географската ознака, веќе дефинирана, прво ќе се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ. Географската ознака „повардарски“ ќе има големо значење од историски аспект, посебно за комерцијалниот сегмент и како предводник на многу други географски ознаки од македонската винарска индустрија кои ќе се генерираат со текот на времето, посочуваат од здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше за воведување на ознаката со поддршка на ФАО и ЕБOР.
– Со географскиот индикатор „повардарски“, македонските вина ќе може да се борат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат – изјави Фредерик Жулие од ФАО .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top