
Во оставката адресирана до министерот за култура, вршителот на должноста директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан вели дека се соочувал со притисоци и уцени и на овој начин, со оставка, изразува револт и протест против сите обиди за, како што вели, партизација на театарот.
„Како в.д. директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум.
Екипата се комплетира со седум колеги од техничката екипа на Турски театар Скопје.
Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце. Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на Турскиот театар и намерна опструкција на политичката ‘елита’ за непречена работа на Турски театар – Скопје, ме натераа да поднесам неотповиклива оставка на функцијата директор бидејќи сум професионалец, а ние, уметниците, знаеме кога е време и кој е начинот на протест сè со една цел: го кревам гласот против партизација и поделби наметнати од партизација на турските политички партии“, напиша Шабан на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


