Концесионер на плажа во Селце во Хрватска доби нокаут откако почна да се расправа и да ги навредува туристите нарекувајќи ги идиоти, мајмуни и крадци.
-Дојди горе мајмун еден, идиот еден глупав, дојди горе. Да беше храбар ќе дојдеше горе. Не ве сакам тука, вие сте идиоти, неандерталци – им вели тој на туристите.
Tuča na plaži u Hrvatskoj pic.twitter.com/mlYRwe2JSU
— Bane (@Bumblb3e) July 24, 2018
Откако еден турист го оттурна, концесионерот му рече дека не знае со кој си има работа, по што гостинот изгуби стрпение и го удри. Концесионерот падна на лежалката, а потоа се повлече, но и продолжи да му вика „Дојди горе идиот еден“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.