Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека Светското првенство било „перфектна средина“ за Пол Погба по тешката сезона во Манчестер јунајтед.
– Не се работи за тоа дали ние можеме да го извлечеме најдоброто од него. Се работи за тоа дали тој го дава најдоброто од себе, вели Мурињо.
– Светските првенства се во еден месец. Во тој период тој мисли само на фудбал. Со екипата е, во тренинг камп, комплетно изолиран од надворешниот свет и е фокусиран само на фудбалот. Во текот на сезоната, имате еден голем, па еден помал меч, потоа некој уште помал, затоа може да се загуби фокусот, да се загуби концентрацијата кога повторно има важен меч. На светските првенства емоциите и одговорноста постојано растат. Затоа сметам дека е тоа перфектна средина за него. Затоа сакам во новата сезона да го видиме Погба од Мундијалот, објаснува Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст