Осуденото лице Игор Спасов е на лекување заради дијагностицирање на влошена здравствена состојба и треба да се врати на издржување на казната на 06.08.2018 во КПД Идризово, соопшти Управата за извршување санкции.
Тие потенцираат дека „поради сомневање за влошување на здравствената состојба, на барање на КПД Идризово, по претходно доставена молба од осудениот и приложена медицинска документација, на осудениот му се одобрува прекинот на казната од 22.06.2018 до 07.07.2018 година.“
-Во медицинскиот наод, е наведено дека актуелната здравствена состојба кај осуденото лице се следи суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди, а заради која прекинот на казната е одобрен. На 05.07.2018 година, Основниот суд Штип го извести КПД Идризово дека на барање на осудениот, на истиот му се продолжува прекинот на казната, и осудениот ќе се врати на доиздржување на казна затвор во КПД Идризово на 06.08.2018 година.Барањата на осудените лица или на казнено-поправните установи кои се однесуваат на влошена здравствена состојба или потреба од клинични испитувања, се предмет на одобрување на прекин на казната од страна на Управата за извршување на санкциите и надлежните судови. Прекинот на издржување на казната не се засметува во издржаниот дел на казната, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст