| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за таксист од Струмица: Силувал 14 – годишно девојче во своето возило

Секторот за внтрешни работи Струмица поденесе кривична против Н.С. од Струмица за сторено кривично дело “силување-друго полово дејствие“.

На 16.07.2018 година околу 01.00 часот во Струмица кај трговскиот центар “Глобал”, 14 годишно девојче од с. Ново Село, заедно со нејзината братучетка од Скопје, со такси возило управувано од пријавениот се упатиле кон Ново Село. При тоа, на влезот во с. Ново Село братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење до паркот, каде требало да се симне девојчето, но истиот не застанал на наведеното место и продолжил со движење.

На излезот од село Ново Село, пријавениот го паркирал возилото, и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил во с.Ново Село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top