| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен 17-годишен гостиварец: Дома му нашле пиштол, куршуми, марихуана и цел арсенал ладно оружје

Вчера од 19.30 до 21 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 17-годишен жител на село Чегране, гостиварско.

При претресот пронајдени се: пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри со два куршума од истиот калибар, едно најлонско ќесе со марихуана, дробилка со остатоци од ваква материја, безбол палка, два метални боксирача, нож, црн спреј…

Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени за вештачење, додека малолетникот, во присуство на негов роднина, бил приведен во Полициската станица Гостивар и задржан за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top