| четврток, 6 декември 2018 |

Ова во Атика е црн пекол, новинар стигна до местото каде што изгореа 26 луѓе (Фото)

Грчки новинар стигна до местото каде што изгореа 26 луѓе во пожарите во Грција.

-Ова е најужасната сцена што некогаш сум ја видел“, сведочи грчкиот новинар Костас Коукумакас, кој е на самото место во одморалиштето во Мати, каде што во вила на 25 километри североисточно од главниот град беа пронајдени 26 запалени тела.

Тој вели дека местото е речиси уништено во пожарот и дека тука ги видел најужасните сцени.

Забележал некои од телата во двор на една вила во Мати.

-Ова што се случува овде во источна Атика е црн пекол. Откако поминав покрај стотина изгорени автомобили и куќи, стигнав до дворот каде што полицијата ми кажа дека се пронајдени поголем број мртви лица. Видов некои од нив како лежат на земјата додека магла го прекриваше целото место и токсичен мирис се ширеше во воздухот, раскажува новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top