| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Горан Михајловски: Грантот е доделен на фирмата на татко ми која има освоено многу награди

– За тие што не знаат, грантот е доделен на семејната компанија на татко ми која постои од 1991 година и се бави единствено со истражување и развој на нови технологии. Тој со таа компанија има освоено многу светски награди, и ги има продадено своите технологии на реномирани странски компании, пишува сопругата на новинарот Горан Михајловски, Искра Јанковска Михајловска на Фејсбук по бурните реакции на јавноста за доделени грантови од фондот за иновации.

– Апликацијата во Фондот за иновации беше за нас логична бидејќи после 27 години работа и продавање технологии во странство сакавме нашата последна иновација да ја доведеме од прототип до готов производ и во Македонија. За нас. За нашава земја во која што сме одлучиле да останеме да живееме, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top