Три деца поради докторска некомпетентност и незнаење во последнава недела биле доведени во состојба што им го загрозила животот, соопштија од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК.
Станува збор за 4-годишно дете од Свети Николе, 9-годишно дете од Гевгелија и 14 -годишно дете од Охрид. Последното е во најтешка состојба, во кома на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.
Од Асоцијацијата велат дека трите деца имале дијабет тип 1, но матичните лекари не ги препознале симтомите.
– Почитувани сограѓани, денеска во 21 век, во ерата на сеопшт техничко-технолошки развој и едукација, во Македонија се образуваат и работат, медицински лица коишто не знаат да дијагностицираат дијабетес тип 1! Денес, во ова време, кое овдешните институции и оние што раководат со нив во наше име и за наша сметка ни го опишуваат како пресудно и реформско имаме систем кој не само што атакува врз нашите социјални, економски или какви и да се перспективи, туку атакува врз нашето основно и уставно загарантирано право, правото на здравје на граѓаните, особено на децата.
– Не знаеме каков ќе биде конечниот епилог на оваа трагедија на нашето општествено егзистирање, иако сме сосема сигурни дека да не беше последниот бастион на нормалноста и компетентноста Детската Клиника при Клинички центар Скопје – тој сега ќе беше грозоморно извесен, соопштија од Баланс МК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст