Животот на поранешната американска глумица Меган Маркл за неколку месеци сосема се промени и од холивудски гламур премина на аристократски начин на живот кој го негува британското кралско семејство и сега живее буквално како божица.
А, што се случува со нејзиното семејство?
Додека со полусестрата Саманта не е во најдобри односи, а на јавноста не ѝ многу јасен односот на новата војвотка и нејзиниот татко, Меган истакнуваше дека нејзината мајка Дорија Регланд е нејзината најголема поддршка. Воедно, Дорија беше и единствената од семејството на Меган која беше присутна нејзината венчавка.
Сепак, нејзината мајка не ужива ниту малку од луксузот кој ѝ е достапен на нејзината ќерка.
Папараците неодамна ја уловија Дорија пред нејзината куќа во Лос Анџелес и едвај поверуваа дека станува збор за мајката на британската војвотка.
Дорија беше во сосема опуштено издание со широки панталони, маица и апостолки, а од автомобилот изнесуваше големи кутии и сама ги внесувала во домот.
Иако ова е глетка која можеме да ја погледнеме во речиси секоја друга куќа каде жените работат сè сами, многумина коментирале дека мајката на една војвотка која троши по 20.000 фунти за облека за само еден ден, треба да има малку поубав живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст