Младиот белградски режисер Игор Вук Торбица, еден од највозбудливите уметници на Балканот, јавно го објави своето повлекување од договорените проекти Словенечкиот национален театар, СНГ Марибор, со единствена причина: изборот на Александар Поповски за нов уметнички директор на Драмата.
– Почитуван Данило, пишува Торбица до директорот на СНГ Марибор, „Вестите за епилогот на конкурсот велат дека на тоа место е потврдено за колегата Александар Поповски. Во тој случај принуден сум да се заблагодарам на соработката и да се повлечам од нашитепретходни договори. Жал ми е што е така и молам за разбирање, бидејќи знаете, како што би ми било гадно и незгодно да создавам претстава во една куќа која е под уметничко водство на да речеме, некаков десничар, фашиста или реакционер од било кој вид, исто така ми се гади од соработка со куќи кои се под уметничко водство на театарски претприемачи, бизнисмени, шпекуланти и идиоти, односно со било какви салонски пијавици, пишува Игор Вук Торбица.
Александар Поповски е репрезент на таканаречената „Шарена револуција“ на ова место дојде откако го напушти директорското место во МНТ. За време на „шаренувањето“ Поповски, како и други елитистички квазиинтелектуалци, не штедеше навреди кон сите оние кои не „размислуваа“ како нив. Цинично, надмено и арогантно, што е препознатлив потпис на елитизмот на СДСМ, Поповски истураше навреди кон сите оние граѓани кои не ја подржуваа сдсм-овската шарена платеничка револуција, нарекувајќи ги „мали луѓе кои треба да ги снема“.
– Ве молам да прифатите извинувањето и објаснувањето, дека е под моите принципи и под мерката на добар вкус да прифатам проект кој го потпишувам под било какво водство од колегата Поповски. Уште помалку прифаќам дијалог со него, или да дозволам како што е редот и обичајот уметничкиот директор да има одереден увид, а со тоа и последично право на суд за моите проби, исто како и за конечниот резултат. Со оглед на тоа, сметајте дека нашата соработка е завршена“, продолжува младиот белградски режисер Игор Вук Торбица.
Зборувајќи за изборот на уметничкиот директор во театарот во Марибор, Вук вели дека не разбира зошто на тоа место е избран човек кој не носи „нов образ“, туку „дебел образ“.
– И тука“, вели Вук во своето писмо до директорот на СНГ Марибор, „ започнува просторот меѓу мојот и Вашиот вкус, па ќе застанам од пристојност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст