| четврток, 6 декември 2018 |

Хулахопки и антибактерски душек се новина за Фондот за иновации!

„3Д метален принтер“ или сега печатачите можат да направат метални предмети брзо и евтино.„Артифицајни ембриони“ или без употреба на јајце клетки или сперматозоиди, истражувачите создадоа само структури слични на ембрионите од матични клетки, обезбедувајќи сосема нов начин за создавање на живот.

„Чувствителни градови“ имено веќе има проект во Торонто каде се размислува да се преиспита постоењето на урнбана населба, или истата да се сруши да да се подигне со користење на најнови дигитални тејнологии. „Артифицијална интелигенција“ или посебен начин на чување податоци ја прави технологијата поефтина и полесна за користење. „Нулта јаглероден природен гас“ или значи дека електраната ефикасно и евтино ќе го опгаќа јаглеродот ослободен од согорување на природен гас, избегнувајќи емисии на стакленички гасови. „Генетичко раскажување“ или сега научниците можат да го користат вашите геноми да ги предвидат шанси за добивање на срцеви заболувања или рак на дојка, па дури и вашиот коефициент на интелигенција.

Сето ова ви звучи, изгледа непознато или далечно. Можеби, но ова се реални иновации во светот. Имено ова се дел од иновациите за 2018 година објавени од „Technology Review“ е магазин за наука, а го издава Technology Review, Inc, медиумска компанија која ја поседува Институтот за технологија Масачустетс.

Но, во Македонија се даваат пари за проект за замена на мотор за внатрешно согорување кај класичните автомобили застава 750 (Фиќо) со електричен погон. Станува збор за пари што ги доделува Фондот за иновации. Или пак се даваат пари за печатница, за објект за производство на мебел, за биохигиенски алое хулахопки, антибактериски душек, модна колекција, комора за ладење….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top