| четврток, 6 декември 2018 |

Вештачки земјотре ќе тресе зграда во Ново Лисиче

По повод 50 години од скопскиот земјотрес, со вештачки земјотрес научно ќе се потврдува сеизмичката стабилност на десеткатна зграда во скопската општина Аеродром.

Стручњаците на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологоја првпат ќе го изведат ова во независна Македонија, се вели во соопштението од компанијата „Адора инженеринг“, чија зграда ќе се стресе вештачки.

Целта е и научно да ја потврдат докажаната асеизмичка стабилност и сигурност на елитните станбено-деловни објекти на оваа градежна компанија.

Станбениот објект, на кој ќе се изведе тестирање со вештачки земјотрес, се наоѓа во мини- стабената населба „Адора“, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ во населбата Ново Лисиче, в среда, 10 јули, во 11 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top