| четврток, 6 декември 2018 |

Почина доајенот на македонското новинарство Ристо Поповски

По кратко боледување синоќа почина новинарот Ристо Поповски (1945 – 2018), еден од најпознатите новинари во Македонија, основач на првата приватна новинска агенција во Македонија, „Макфакс“ и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Во богатата новинарска кариера, Поповски, беше уредник на „Танјуг“. Работел за Радио Скопје од 1965 година како волонтер, а од 1970 година се ангажира и професионално.

Од 1974 година до 1992 година е во новинската агенција „Танјуг“, најпрво како новинар, а потоа и како шеф на Македонската редакција. Бил дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на деведесетите години.

Во 1992 година ја основаше независната новинска агенција „Макфакс“. Беше коментатор на неделникот „Глобус“ и дневниот весник „Слободен печат“, а до последен момент од својот живот беше коментатор од Македонија за „Ал Џезеира Балканс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top