Од денес (вторник) па во текот на следните денови влегуваме во постуден период и пониски температури за овој летен дел од годината.
Сепак до крајот на денешниот вторнички ден ќе имаме нешто посмирена атмосфера за разлика од вчерашниот понеделнички ден.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено попладне и рано навечер ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со нешто поретки грмежи.
На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Температурите на воздухот од денес ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10 степени што е премногу.
Од утре (среда) па натаму во текот на следните денови повторно растат условите за поголема нестабилност и услови за локално НЕВРЕМЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст