
Најмалку 50 луѓе ги загубија животите во пожари во Грција кои од вчера беснеат во најголем дел во областа Атика. Дваесет и шест тела се пронајдени во двор на таверна во населбата Мати, во источниот дел на областа Атика.
Спасувачот Андриопулос од Црвениот крст, за грчката телевизија Антена, рече дека во нивната акција бил пронајдени телата на 26 лица, мажи, жени и деца.
Според неговото сведоштво, луѓето веројатно се знаеле меѓу себе, спасувачите ги пронашле прегрнати во неколку групи. Претпоставките на спасувачите се дека луѓето тргнале кон морето за да се спасат, но на 30-40 метри оддалеченост, поради големината и јачината на огнените јазици, нивните обиди биле залудни.
Нивната смрт ја потврди и заменикот градоначалник на областа Јоргос Коколис и градоначалникот на Рафина, Вангелис Бурнус, кој, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“, изрази стравување дека бројот на загинати, дополнително ќе се зголеми.
– За кратко ќе се потврди информацијата за уште повеќе загинати, бидејќи постојат и други луѓе што изгореле во нивните домови и се уште не се транспортирани. Мислам дека бројот ќе стигне до 60. Немам комплетна слика колку луѓе беа заглавени. Се уште има многу исчезнати, рече градоначалникот Бурнус.
Меѓу повредените во Рафина има голем број кои се во критична состојба. Градот Мати што е во непосредна близина е целосно уништен од пожарите. Државната телевизија ЕРТ јави дека рибари и крајбрежната стража спасиле најмалку 700 луѓе.
Портпаролот на Владата Димитрис Ѕанакопулос, кусо пред 3 часот утрово, соопшти дека „Атика се соочува со многу тешка ноќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


