| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во кралското семејство поради апсење, Меган повторно си ги спакува куферите?

Дарлин Блант (37), свршеницата на полубратoт на Меган Маркл, беше уапсена во Орегон во петокот. Дарлин ја помина вечерта зад решетки пред да биде ослободена од притвор со кауција.

Според сведоците, идната снаа на војвотката од Сасекс била уапсена по пријава за семејно насилство во домот на Томас во Орегон.

Ова не е прв пат тоа да се случи. На дочекот на оваа година, полицијата интервенираше откако Дарлин физички го напдна Томас, а потоа помина две ноќи во притвор.

Многумина се прашуваат како кралицата ќе реагира на овој скандал, засега никој од кралското семејство го нема искоментирано апсењето на идната снаа на Меган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top