Периодот по прекинот на врската може да биде многу болен. Тогаш најмногу размислуваме за причините за раскинувањето, но и за можното смирување. Ова се петте знаци кои укажуваат на тоа дека сепак треба да му дадете втора шанса на бившиот…
1. Причината за раскинувањето не била сериозна
Постојат причини за раскинување што лесно може да се опростат. Можеби во моментот ви се чинело како важна причина, но всушност се работело за нешто безначајно. Но постојат и сериозни причини кои не може да се надминат, како што се неверството, недостигот на доверба или насилство. Во тој случај, смирувањето не е ни најмалку добра идеја.
2. Начинот на раскинување бил цивилизиран
Начинот на раскинување е од голема важност, бидејќи колку поцивилизирано било толку поголеми се шансите за смирување. Ако со разговор во четири очи сте дошле до заедничка одлука да ја прекинете врска, тоа кажува многу за вашиот однос и меѓусебна почит. Од друга страна, ако раскинувањето се случило преку пораки на телефон и вклучувало викање, агресивни испади и навреди, не треба ни да помислувате на смирување.
3. Однесувањето по раскинувањето не е навредливо
Некои луѓе знаат да бидат длабоко повредени од однесувањето на бившите партнери по раскинувањето. Нивното влегување во нова врска или отвореното флертување со други луѓе можат многу да ги намалат шансите за смирување.
4. Емоционалната поврзаност е сè уште силна
Колку подлабока била вашата емоционална поврзаност и колку подобро сте се познавале, толку поголеми се шансите за успешно смирување. Особено ако и по раскинувањето ви недостига тоа чувство на поврзаност и понатаму имате силна желба да го прегрнете поранешниот партнер. Копнежот по блискоста што некогаш сте ја имале и силната емоционална поврзаност се добри показатели дека смирувањето може да биде успешно.
5. Можноста за опростување е од клучно значење
Многу важен и позитивен чекор кон смирувањето е способноста вистински да се простите еден на друг и да водите искрен разговор откако сте раскинале. Меѓусебното опростување е многу важно за новиот почеток кој треба да биде свеж и ослободен од старите замерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


