| четврток, 6 декември 2018 |

Моќно растение: Ја лекува несоницата, жолчката и го отстранува заморот

Ако сте слабокрвни, имате проблем со несоница, ве измачуваат чиреви или имате проблеми со жолчката, тука е копривата.

Оваа лековита билка е богата со витамините А, Б, Д, Е и К, железо, калциум, калиум, цинк, магнезиум…

Помага и кај проблемите со уринарниот тракт, болести на белите дробови и кај хроничниот замор.

Можете секојдневно да пиете чај од сушена коприва или сами да направите лековита смеса.

Потребно ви е половина килограм листови од оваа билка, еден лимон, едно јаболко, 250 грама мед и половина желатин.

Овошјето и копривата добро измиксирајте ги во блендер, потоа додадете го медот и желатинот, измешајте и смесата е добиена.

Секој ден пред појадок и вечера земајте по два лажици од овој лек и многу брзо ќе започнете да се чувствате подобро.

Коприви (науч. Urticaceae) — семејство еднодомни или дводомни тревести или поретко грмушести растенија или мали дрвја, групирани во 54 до 59 родови со околу 2600 видови (според Кралски ботанички градини, Кју). Најпознат род од ова семејство е родот коприва.

Многу членови од ова семејство поседуваат специјализирани влакна на својата телесна површина, кои при контакт со друго тело прскаат и ослободуваат киселина. Листовите кај повеќето претставници се последователни или наспрамни, и речиси секогаш имаат прилисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top