| четврток, 6 декември 2018 |

20 работници повредени во сударот на патот Велес-Штип

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-тина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

– Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-тина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување – информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top