| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Техничка влада ќе ги организира парламентарните избори

Наредните избори ќе ги организира техничка влада. Ова, според премиерот Зоран Заев, е договорено на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. Како што изјави, било прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направат законски избори кои ќе овозможи сите наредни парламентарни избори да ги организира влада со формат идентичен на пржинскиот.

Било договорено денеска да заврши лидерската средба.

-Како ќе се договориме зависи од сите нас внатре. Се враќаме на прашањето за референдум. Ќе разговараме за референдумското прашање, за карактерот на референдумот и за датумот на одржување – рече Заев.

Според него прифатено е и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на политичките партии и за Државната изборна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top