| четврток, 6 декември 2018 |

Не престануваат скандалите со грантовите од Фондот за иновации: Снаа на советничка на Заев добила 330.000 евра од владата

Не престануваат корупциските скандали со доделување на грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, пишува порталот „Експрес“.

Според порталот, фирмата „Декодикс“ од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е и снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез, пишува „Експрес“.

Сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничка за култура во кабинетот на премиерот Заев добила од Владата 330,000 евра за проект за информатичка технологија со наслов „Декодирај – Ме“.

Премиерот завчера најави дека ќе бидат преиспитани сите сомнителни процеси.

На прославата по повод поканата за покана во НАТО синот на Ласкова, ди џејот Горан Кан имаше настап пред скромни, стотина гледачи, претежно средовечни луѓе и пензионери. Владата се уште не открива колку пари добил за својот настап.

За концертите Владата официјално соопшти дека потроши 180 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top