| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварчанка ноќеска излетала од патот Тетово – Гостивар, итно префрлена на скопските клиники

Ноќеска околу 04 часот, било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на Дебрешки надвозник, патничко моторно возило „Киа Сефиа“ со гостиварски регистерски ознаки управувано од Ч.С. (26) од Гостивар, излетало од коловозот.

Ч.С. по укажаната лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ префрлена е на скопските клиники. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top