Силно невреме проследено со ветер, обилен дожд, град и електрични празнења го зафати дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа. Градот причини штети на земјоделските производи. Тоа е дополнителна штета од последиците на претходните временски неприлики.
Улиците се преполнија со вода, а во одделни места вода навлезе и во подрумските простории. Од Подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека штетите дополнително ќе се проценуваат.
Обилните дождови засега предизвикаа само помали одрони на камен и земја на патните правци кон Струга и кон Маврово. Екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ се на терен во расчистување на истите.
Од секцијата препорачуваат внимателно возење посебно на делницата Дебар-Трница, што е дел од патниот правец Дебар-Маврово и почитување на сообраќајните прописи и патната сигнализација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст