Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој период интензивно работеле на евалуација на понудата.
– Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките – рече Филипче и ги повика и компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите, зашто, како што рече, имале разговори заради тоа што пазарните вредности се многу помали од тоа што сега во моментов се користи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст