| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка тешко повредена во сообраќајка меѓу три возила на патот Штип – Карбинци, итно пренесена на скопските клиники

Дваесет годишна штипјанка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 21.45 часот се случила меѓу три возила на регионалниот пат Штип-Карбинци.

Во несреќата учествувале автомобили „Шкода“ со штипски регистерски таблици управувано од М.С. (58) од Карбинци, „Фиат Палио“ со штипски регистерски таблици управувано од В.Ш. (21) од Чардаклија и „Алфа Ромео“ со штипски регистерски таблици управувано од Д.С. (29) од Штип.

– Во незгодата сопатничката од возилото „Алфа Ромео“ А.Ј. (20) од Штип се здобила со тешки телесни повреди по што со друго возило била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Поради вршење на увид од 21.50 до 00.30 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top