Модната куќа „Кокев“ во соработка со македонското Здружение за кардио торакална хирургија почнуваат кампања со наслов “Docendo discimus” што значи „Учејќи го другиот, се учам себеси“.
Кампањата има за цел да ја подигне хуманоста кај нашите граѓани, се со цел да се соберат средства, кои ќе бидат донирани на крајот од годинава во форма на стипендија наменета за студенти по медицина, кои имаат семејни примања под просечна плата во Македонија и просечна оценка на студирање над 8.0. Сите студенти, кои ќе добијат стипендија, сумата од собраните средствата ќе бидат јавно објавени.
– Чуствувам огромно задоволство што Здружението за кардио торакална хирургија започнува соработка со модната куќа Кокев, која ќе послужи за да се помогне во доедукацијата на студентите по медицина. Благодарен сум и на Тања Кокев што го препозна овој проект како можност да придонесеме, колку што е во наша можност преку ваква хуманитарна акција да се помогне на оние кои им е потребна финансиска поддршка, се со цел тие студенти кога ќе станаат доктори да го пренесат своето знаеење во нашата држава – изјави детскиот кардио хирург и претседател на ЗКТХ, спец. д-р Владимир Чадиковски.
По повод овој хуман проект, Кокев дизајнираше специјални маици, кои наскоро ќе бидат пуштени во слободна продажба. Маиците ќе се продаваат на мобилни штандови и преку онлајн уплата на посебна жиро сметка, која здружението дополнително ќе ја објави.
– Иако станува збор за исклучително сериозна тема, кардио торакална хирургија, сепак во договор со доктор Чадиковски дизајнот ќе биде забавен и симпатичен и се разбира ќе го носи препознатливиот моден печат на Кокев. Искрено се надевам дека на овој начин преку продажба на маиците, ќе успееме да собереме средства, кои ќе бидат дополнителен стимул за студентите на кои навистина им се неопходни за да можат да се дошколуваат. Имам амбиија да креираме маици, кои ќе станат препознатливи, не само поради тоа што ќе го носат знакот на „Кокев“, туку поради нивната крајна цел. Чувствувам огромна одговорност што др Чадиковски го избра брендот Кокев за овој хуман проект и ова за мене претставува дополнителна амбиција да дадеме се од себе како тим и со тоа да ја возвратиме довербата која ни е дадена – вели Тања Кокев.
фото: Дими и Ани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст