Грците кои се хранат во рамките на својата традиционална кујна имаат за 47 отсто помал ризик од развивање на кардиоваскуларни болести. Тоа го тврди и студијата која го проучувала ризикот од развивање на болести цели 10 години.
Медитеранската исхрана се состои од многу свеж зеленчук и свежо овошје, цели житарки, јаткасто овошје, маслиново масло и риба. Медитеранската исхрана го штити вашето срце подобро и од вежбањето, открива студијата која ја спроведе Универзитетот Харокопио од Калитеа во Грција. Оваа студија траела 10 години, а во неа учествувале 2.500 возрасни Грци и Гркинки на возраст од 18 до 89 години.
Според официјалните податоци, секој петти маж и 12 отсто од жените развиваат некаква болест на срцето или умираат од истата.
Истражувачите проучувале различни начини на исхрана и дошле до заклучок дека оние кои ја преферираат медитеранската кујна се за 47 отсто под помал ризик за да развијат било каква кардиоваскуларна болест. При изведувањето на заклучокот се водело грижа и за годините, полот, историјата на болестите, нивото на образование, телесната тежина и останатите поважни фактори.
Овој начин на исхрана подразбира внос на големи количества на свеж зеленчук и овошје, цели зрна од житарки, јаткасто овошје, маслиново масло риба и црно вино. Тие кои се хранеле на ваков начин биле за 47 отсто под помал ризик за развивање на срцеви болести.
„Нашата студија покажува дека медитеранската исхрана е одлична за сите луѓе, за двата пола и за било која старосна доба. Овој начин на исхрана го штити срцето подобро и од самото вежбање. Освен тоа, таа е добра и за намалување на ризикот за добивање на дијабетес, а ги спречува и воспаленијата. Бидејќи ваквиот начин на исхрана се состои од намирници кои им се достапни на сите, луѓето ширум светот би можеле без никакви големи промени да ја усвојат и со тоа и да се заштитат од многу сериозни болести”, вели професорот Демостенос Панагиотакос, автор на целата студија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст